Го отелотвори Бетмен, а сега е непрепознатлив во трејлерот за претстојниот филм за Тор

Точка

25/05/2022

12:34

7.085

Големина на фонт

а а а

Британскиот актер Кристијан Бејл во новиот филм „Thor: Love and Thunder“ глуми застрашувачки негативец, а во трејлерот изгледа потполно непрепознатливо.

„Thor: Love and Thunder“ пристигнува ова лето во киносалите, а Гор (Gorr the God Butcher) би требало да биде најновиот негативец во филмската франшиза.

Кристијан Бејл на трејлерот објавен на Јутјуб се појавува крвав и со лузни. Актерот кој е познат по улогата на Бетмен во бројни „DC“ филмови, во новото остварување ќе се бори против Тор (Крис Хемсворт).

Тизерот го прикажува Кристијан како изгледа непрепознатливо со маска и значајна количина на шминка која му ја променила структурата на лицето.

Застрашувачкиот лик Гор излегува од сенка во 2-минутниот трејлер, прикажувајќи ја претстојната акција. Се чини дека тој продолжува да ја уништува планетата додека влегува во конфликт со другите херои.

Обожавателите на Тор со нетрпение ја чекаат премиерата на новиот филм, откако последното продолжение излезе во 2017 година.


„Thor: Love and Thunder“ би требало да биде прикажан во кината ширум светот на 8-ми јули, а во него се појавуваат и Натали Портман, Карен Гилан и Крис Прат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг