Часови по масакрот во тексашкото основно училиште почнале да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврдила дека биле убиени 19 деца и двајца возрасни, а неколку деца се тешко ранети.
Медиумите јавуваат дека се идентификувани и првите жртви.
Узаја Гарсија е 8-годишно дете кое било убиено во нападот, потврдило неговото семејство.
„Најслаткото дете што го познавав“, рекол неговиот дедо Мени Ренфро за „AP“. „Не го кажувам тоа само затоа што е мој внук“, додал тој и опишал што правеле на последните празници: „Почнавме да играме американски фудбал, јас го учев да подава. Беше многу брз и добро ја фаќаше топката. Вежбавме различни потези и сите ги памтеше одлично“.
„Тој беше само 10-годшино дете полно со љубов кое уживаше во животот, без никаква идеја што ќе се случи денеска. Беше забавно дете, постојано се шегуваше, сакаше да танцува со своите браќа, со својата мајка. Ова е многу тешко за сите нас“, рекла роднина на убиениот Хавиер.
Роднината за „ABC“ открила дека детето било во училиште само неколку часа пред нападот на доделување на награди. Неговата мајка тогаш последен пат го видела.
Амери Џо пред две недели наполнила 10 години, рекол нејзиниот татко Ангел Гарза.
„Им благодарам на сите на молитвите и помошта во пронаоѓањето на моето бебе. Мојата мала љубов сега лета високо со ангелите. Никогаш ништо не земајте здраво за готово. Посебно времето кое го минувате со своите семејство. Прегрнете го своето семејство. Кажете им дека ги сакате. Те сакам Амери Џо. Чувај го својот помлад брат наместо мене“, коментирал Газа за „ABC“.