Овој филм ја воодушеви публиката во Кан, сметаат дека го надмина и „Top Gun“

Точка

25/05/2022

09:58

7.103

Големина на фонт

а а а

На овогодишниот Филмски фестивал во Кан полека му се ближи крајот, а освен извонредниот црвен тепих на кој заблескаа најголемите ѕвезди, на него беа претставени и некои од долгоочекуваните филмски наслови.

Сепак, еден од нив посебно се истакна. За филмот „Triangle of Sadness“ на наградуваниот шведски режисер Рубен Естлунд, не престанува да се зборува откако беше претставен на фестивалот.

Една од водечките улоги во оваа црна комедија ја има Вуди Харелсон кој го отелотвори капетанот на бродот.

Инаку, филмот го следи славниот пар Карл и Јаја кој го глумат Харис Дикинсон и Чарлби Дин, кои заминуваат на крстарење за ултрабогати луѓе. По несреќа, тие заглавуваат на пуст остров заедно со група милијардери и една чистачка, а таму започнуваат да ги преиспитуваат своите улоги во животите еден на друг.

Откако беше претставен, „Triangle of Sadness“ беше пропратен со аплауз кој траеше долги 8 минути, а по истиот Естлунд изјавил дека поради него се чувствувал како да е на „фудбалски стадион“.


„Variety“ истакна дека токму овој филм „ги засени сите филмови досега, па дури и 'Top Gun'“, а порака за гледачите имал и Харелсон за кого ова било незаборавно искуство.

„Естлунд ве тера да размислувате. Може да ве натера да се чувствувате како да има поента да го гледате филмот и уште поважно, ве тера постојано да се смеете“, заклучил славниот актер.

Инаку, шведскиот режисер последен пат се појави во Кан со филмот „The Square“ од 2017 година, кој му донесе Златна палма.



Спонзорирани линкови

Маркетинг