Масакр во основно училиште во САД, убиени 19 деца и двајца возрасни

Точка

25/05/2022

07:17

4.514

Големина на фонт

а а а

Во основно училиште во Тексас дошло до пукање во кое биле убиени најмалку 19 деца и двајца возрасни. До пукањето дошло во 11:17 по локално време во основното училиште Роб во Увалде, град на Југозападот на Тексас.

Салвадор Рамос е идентификуван како 18-годишен осомничен за масовното пукање во основното училиште во Тексас, во кое загинаа најмалку 19 ученици и двајца возрасни од кои еден е наставник , изјавил гувернерот на Тексас, Грег Абот.

Напаѓачот најверојатно бил убиен од полицајците кои дошле на местото на нападот, но деталите од трагедијата се уште се истражуваат.


Абот на прес-конференција информира дека полицијата извршила „брза акција“ на местото на масовното пукање, но дека, за жал, за многу деца било доцна.

„Убиецот е Салвадор Рамос, 18-годишен млад човек кој живееше во Увалде“, истакнал гувернерот.


Тоа е најсмртоносниот напад во училиште во историјата на сојузната држава Тексас, и се случува четири години откако атентатор уби 10 ученици во средно училиште во Санта Фе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг