(Фото) Голем пожар во дебарско - жителите стравуваат од невидена катастрофа

Точка

24/05/2022

21:09

3.600

Големина на фонт

а а а

Попладнево избувнал силен пожар меѓу двете познати дебарски села Елевци и Селци, пишува Фактор.

Во изјава за порталот жителите велат дека силниот ветар огнетата стихија ја носи кон куќите на Селци и дека доколку итно не се изгасне пожарот, до утре може да се случи вистинска катастрофа.


„Пожарот е точно меѓу овие две планиски села. Јавивме секаде и мора брзо да се реагира, бидејќи куќите на Селци се на удар. Силниот ветар го носи огнот кон куќите. До утре може да е предоцна. Противпожарните екипи може само пепел да најдат“, велат жителите на Селци.

„Иако не можеме со сигурност да тврдиме, сметаме дека причина за овој пожар е човечки фактор. Тука безмилосно се сече боровата шума, која и најбрзо гори. Пределот е планиски, тешко пристапен, но ситуацијата е повеќе од сериозна. Загрозено е цело село, кое навистина може да биде за кусо време пеплосано. Екипи мора да дојдат во најскоро време“, апелираат жителите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг