Столтенберг: НАТО сака да избегне војна со Русија

Макфакс

24/05/2022

17:29

2.678

Големина на фонт

а а а

НАТО нема да испрати војници во Украина бидејќи сака да избегне војна со Русија, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој на Светскиот економски форум во Давос потсети дека од избувнувањето на војната, НАТО значително ја зајакнало поддршката за Украина за да го задржи правото на самоодбрана, пренесува Тас с.

„Главната одговорност на НАТО е да ги заштити сите сојузници и да спречи ескалација на оваа војна. Не сакаме да предизвикаме конфликт, туку да го спречиме и да го зачуваме мирот“, рече Столтенберг.


Тој истакна дека од 2014 година земјите-членки на НАТО веќе потрошиле десетици милијарди долари за обука и опремување на украинската армија. Исто така додаде дека земјите-членки на Алијансата почнале да ја зајакнуваат сопствената безбедност таа година и дека 40.000 војници моментално се под команда на НАТО во близина на границите со Русија, во значајни воздушни и поморски средства, а уште 100.000 се во состојба на готовност.

Столтенберг рече дека НАТО сите тие подготовки ги смета за „мерки на одвраќање“ со цел да се елиминира секоја можност за недоразбирање или лоша проценка во Москва.



Спонзорирани линкови

Маркетинг