Перишиќ добил ултиматум од Интер

Макфакс

24/05/2022

15:37

2.802

Големина на фонт

а а а

Интер ја зголеми понудата за новиот договор на Иван Перишиќ. Фудбалерот се уште не се изјаснил дали ќе ја продолжи соработката.

Перишиќ оваа сезона беше еден од клучните играчи во освојувањето на Купот на Италија, второто место во првенството и пласманот во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Неговиот договор со Интер истекува на 30. јуни и тој потоа ќе може да го напушти клубот како слободен играч без обесштетување.

Според италијанските медиуми, Интер ја зголемил понудата од 4,5 на пет милиони евра плус одредени бонуси. Перишиќ, во старт побарал фиксна плата од шест милиони по сезона и двегодишен договор.

Состанокот на неговиот менаџер со раководството на Интер траел околу еден час, а по неговото заминување, новинарите го прашаа дали Перишиќ ќе потпише нов договор.

Одговорот на менаџерот бил: „Ќе видиме“.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер му дал ултиматум на Перишиќ да ја соопшти одлуката до крајот на неделата. Истиот извор наведува дека 33-годишниот хрватски офанзивец има неколку понуди од други лиги, наводно од Челзи и Њукасл.

На состанокот менаџерот на Перишиќ им кажал на челниците на Интер дека добил понуда од шест милиони евра плус бонуси од клуб од странство и побарал повеќе време да размисли пред Перишиќ да ја донесе конечната одлука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг