Мундо Депортиво: Дембеле ќе ја напушти Барселона

Макфакс

24/05/2022

15:34

3.645

Големина на фонт

а а а

Усман Дембеле има уште еден месец договор со Барселона, во клубот е убедени дека тој нема да остане во Каталонија. „Шансите да си замине се 95 отсто“, пишува „Мундо Депортиво“, повикувајќи се на свои извори од клубот.

Оваа недела, Муса Сисоко, менаџерот на 24-годишниот Французин, ќе се сретне со челниците на Барселона, но се чини дека договор нема да има, каталонскиот гигант не може да ги испрати финансиските барања на фудбалерот.

„Клубот тврди дека Сисоко со денови има понуда за нов договор, додека од таборот на менаџерот тврдат дека понудата се уште не е пристигната. Од клубот тврдат дека работите ги води менаџерот и дека фудбалерот ќе постапи онака како што ќе му сугерира менаџерот Сисоко“, пишува Мундо Депортиво.

Каталонците тврдат дека Дембеле на маса има богата понуда на ПСЖ, кој во Французинот гледа идеална замена за Анхел Ди Марија и дека најверојатно таму ќе ја продолжи кариерата. Да потсетиме, Барселона пред пет години плати за Французинот 140 милиони евра. Сега по серијата лоши сезони и големи повреди тој бесплатно ќе го напушти клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг