Магазинот „Time“ го прогласи Володимир Зеленски за највлијателна личност на годината

Точка

24/05/2022

14:57

2.625

Големина на фонт

а а а

Магазинот „Time“ го прогласи украинскиот претседател Володимир Зеленски за највлијателна личност за 2022 година.

Зеленски освои 3,3 милиони гласови од читателите на магазинот и со 5 отсто од вкупните гласови го зазеде првото место на споменатата листа.

Кога руските сили започнаа инвазија на Украина во февруари, Зеленски, комичар без политичко искуство пред да е избран за претседател во 2019 година, беше „турнат“ на светската сцена и ги обедини челниците да ја поддржат Украина.

На второ место е извршниот директор на „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Маск, со 3,5 отсто од гласовите. Минатиот декември, Маск беше прогласен за личност на годината на „Time“ поради своето влијание на „животот на Земјата, а потенцијално и на животот надвор од неа“, како што напиша главниот уредник и извршен директор, Едвард Фелсентал.

Најбогатата личност на светот, Маск, се појави на насловната страница оваа година кога Твитер ја прифати неговата понуда од 44 милијарди долари за купување на оваа платформа.

Британскиот премиер Борис Џонсон го зазеде третото место со 3,4 отсто од гласовите. На почетокот на годината, Џонсон се соочи со негативни реакции и беше парично казнет од страна на полицијата кога се појавија вести дека ги прекршил рестриктивните мерки бидејќи присуствувал на роденденска прослава во својата канцеларија во јуни 2020 година.

Џонсон се извини во април и изјави дека не ги прекршил свесно правилата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг