Навални на суд: Путин е лудак

Точка

24/05/2022

12:48

4.987

Големина на фонт

а а а

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, денеска при сослушувањето на суд го нарекол рускиот претседател Владимир Путин "лудак" кој ја започнал глупавата војна во Украина.

„Оваа глупава војна ја започна вашиот Путин“, рекол Навални пред судот, зборувајќи преку видео-врска од казнена колонија.

„Оваа војна е започната на основа на лаги. Еден лудак ги стави своите канџи во Украина. Не знам што сака со Украина тој луд криминалец“, рекол Навални за Путин.

Навални претходно бил осуден на девет години во строга казнена колонија поради измама и непочитување на судот. Неговата жалба денеска била отфрлена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг