(Фото/Видео) Елегантна и преслатка: Ќерката на Ковачевски во фустан од „Кокев“ во посета на Папата Франциск

Точка

23/05/2022

21:48

23.519

Големина на фонт

а а а

Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на ќерката Тамара Ковачевска и делегацијата на Владата на РМ, којашто е во дводневна посета во Рим и Ватикан во рамките на традиционалните свечености во чест на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, денеска беше примена од неговата светост Папата Франциск.

Сопственичката и модна дизајнерка Тања Кокев, на својот Фејсбук профил објави дека ќерката на премиерот носеше креација од „Кокев“.

Ќерката на премиерот, госпоѓица Тамара Ковачевска облечена во Кокев 🤍

Posted by Tanja Kokev on Monday, May 23, 2022

Станува збор за модел од Пустинска роза 2022 година од најновата колекција. Оваа креација има и црн тул со крупни точки како додаток за да бидат покриени рацете, со оглед дека е кај папата. Ракавите на фустанот се направени од нежна тантела, додека пак целиот изглед е „зачинет“ со црн вел на главата и црни потпетици.

Oсновниот дрес код за посета кај папата е и мажите и жените да ги покријат колената и надлактиците. Се забранува носење шорцеви или здолништа над колената, блузи без ракави и деколтирани кошули.




Спонзорирани линкови

Маркетинг