(Фото/Видео) Експлозија на плинска боца во ресторан во Абу Даби: Две лица загинаа, 120 се повредени

Точка

23/05/2022

21:25

3.705

Големина на фонт

а а а

Две лица починале, а 120 се повредени во експлозија на плинска боца во еден ресторан во Абу Даби, соопшти полицијата на Твитер.

Во експлозијата се оштетени и неколку продавници.


Неколку фасади од блиските објекти и продавници се оштетени, а четири згради се евакуирани, соопшти полицијата.

На фотографиите кои ги објавија локалните медиуми се гледаат остатоци од стакло и рушевини на тротоарите.

Екипите за цивилна одбрана работат на гаснење на пожарот, пишува Ројтерс, пренесува Танјуг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг