(Видео) Апасиев кај Лазаров во Карпул Караоке: „Бев присутен на породувањето на жена ми - побледев, позеленев, не знам ни каков сум бил...“

Точка

23/05/2022

22:33

9.023

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, беше гостин во вчерашното издание на „Карпул Караоке“ на Јутјуберот Стефан Лазаров.

Апасиев првпат јавно зборуваше за својот приватен живот, за 3-годишниот син Исак, неговата сопруга Тамара. Лидерот на Левица откри дека присуствувал на целото породување на неговата сопруга и дека тоа било неверојатно искуство за него. А, кога сме кај породувањето, Димитар откри дека Исак се родил на Клиниката за Гинекологија и акушерство, а не во некоја приватна болница.

Интересно е тоа што Апасиев има талент за глума, па кога го завршувал средното образование во гимназијата во Велес, најпрвин сакал да се запише на Факултетот за драмски уметности. Сепак, на крајот се одлучил за Правниот факултет, а во „Карпул Караоке“ откри дека постојано патувал од Велес за Скопје за да ги следи предавањата.

„Чиста околина“ е рап групата со која Апасиев пораснал, па во интервјуто може да го слушнете претседателот на Левица и како рапува.

Ги 'поткачи' Шилегов и Талат Џафери. Откри детали за расправиите во Собрание и колку тоа е 'навистина така како што го гледаме', зборуваше за неговите животни авантури, кажа многу мудрости, поради што ова интервју навистина заслужува внимание. 

Следбениците на Стефан Лазаров се воодушевени од гостувањето на Апасиев, во кое некои првпат го виделе како се смее, додека други му предложуваат често 'да го вика на муабет'.

„Каква легенда, еден од најелоквентните ликови што дошол до тука. Екстремно интелегентен лик. Вакви интервјуа ни требаат“, „Браво Лазаров за ова интервју. Мој совет да си го викаш на муабет почесто“, „Човеков е легенда“, „Првпат да го видам Апасиев да се смее“, се само дел од коментарите под видеото на Јутјуб, кое за 24 часа брои над 43.000 прегледи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг