Треба да го пробате за да поверувате колку е вкусно: Похуван сладолед е совршениот летен десерт за вас

Точка

23/05/2022

21:00

34.167

Големина на фонт

а а а

Подгответе го овој необичен десерт на кој никој не може да остане рамнодушен.

Состојки:

- Било кој вид на сладолед (потребни ви се 6 топчиња);
- 5 лажици брашно;
- 8 лажици презла;
- 3 јајца;
- Масло за јадење;
- Малку шеќер;
- Екстракт од ванила.


Подготовка:

Прво потребно е да изберете калап во којшто ќе ги ставате топките сладолед кои може да ги ставите и во замрзнувач (еден час) за да замрзнат пред самото похување.

Потоа извадете ги топчињата сладолед од замрзнувачот и извалкајте ги во брашно, па во јајцата во кои претходно сте ставиле малку шеќер и екстракт од ванила, па на крај во презлата. Повторете ја истата постапка со останатите топчиња сладолед.

Потоа вратете ги топчињата во калапот и оставете да стојат во замрзнувач околу еден час.

Потоа пржете ги на масло за јадење додека не заруменат.

Пријатно јадење!




Спонзорирани линкови

Маркетинг