Психолозите велат дека луѓето ги проценуваме врз основа на две работи, но не и по изгледот – еве за што станува збор

Точка

23/05/2022

19:12

17.796

Големина на фонт

а а а

Можам ли да му верувам на овој човек и можам ли да го почитувам? Тоа се двете прашања по кои луѓето нè проценуваат при запознавање, тврдат психолозите од Харвард.

Првата тајна во градењето трајна врска е многу подлабока од она како изгледаме, како сме облечени, тврдат психолозите.

Професорката Ејми Кади од Харвад ја истражува оваа тема веќе 15 година, а открила и дека при првата средба со некој човек, свесно или несвесно се наметнуваат двете споменати прашања.

„И двете прашања ни помагаат да ја измериме топлината и карактерот на некој човек. Доколку некој на кој се обидувате да делувате не ви верува, тогаш нема далеку да стигнете. Можеби ќе оставите впечаток на манипулатор. Да се биде топла личност на која другите ѝ се восхитуваат е вистински дар“, објаснила во својата книга „Presence: Bringing Your Boldest Self to Your Biggest Challenges“ авторката, пренесува „Reader’s Digest“.


Обрнете внимание на невербалните знаци

Според тврдењата на истражувачите, 50 до 80 отсто од комуникацијата меѓу луѓето се одвива по невербален пат, па често за луѓето судиме по однесувањето и движењата на телото. Жените, според научниците, се подобри во тоа.

Кај „читањето“ на другите луѓе предвид се земаат повеќе знаци одеднаш и потоа се добива вистинската слика.

На пример, доколку некој додека гледа надесно забрзано дише, брзо говори и се чеша по носот, можно е да ја избегнува вистината.

Доколку на некого челото му е набрано, тоа значи дека тој е под стрес, стоењето мирно значи дека некој е динамичен и оптимистичен, додека пак искривеното стоење ја открива здодевноста.

Дишењето открива многу за личноста

Опуштен човек дише полека и длабоко, а плитко и забрзано дише напнат човек. Во случај на нервоза дишењето може да биде испрекинато. Понекогаш тоа покажува и на голема срамежливост или пак дека тој човек крие нешто од вас. Оние кои дишат полека, најверојатно ја зборуваат вистината.

Луѓето кои многу размислуваат имаат раширени зеници, но доколу мозокот е оптоварен, тие ќе се стеснат.

При запознавање на некој нов човек, зениците се шират, а доколку е незаинтересиран за вас тогаш тоа ќе го покаже преку солзењето на очите. Доколку зениците останат раширени, тоа значи дека му се допаѓате и дека сте му интересни.


Понекогаш повеќе внимание треба да обрнете на тоа како некој ги изговара зборовите, отколку на тоа што зборува. Имено, нервозата ќе ја откриете брзо преку говорењето. Исто така луѓето додека говорат ставаат акцент на некои зборови и токму на нив е добро да обрнете внимание.

Дали на соговорникот сте му здодеале со своето зборување и дали ве слуша само поради почит, ќе препознаете по тоа што ќе почне да го трга погледот од вашите очи. Исто така доколку соговорникот зборува тивко, тогаш можно е тој да е несигурен, пренесува „Spirit Science and Metaphysics“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг