Инфографик: Дали со новата просечна плата претркавме некоја земја од поранешна Југославија?!

Точка

23/05/2022

18:26

31.257

Големина на фонт

а а а

Државниот завод за статистика објави дека во март просечната плата во државата изнесувала 31.080 денари. Јасно е дека порастот од 1.241 денари во однос на февруарскиот национален просек од 29.839 денари се должи на растот на минималната плата.

Во март, минималната плата се зголеми од 15.194 денари на 18.000 денари. Минимална плата во државава примаат 80.000 вработени, но зголемување на платите им следеше и на сите оние други вработени кои имаа повисока плата од тие 15.194 денари, но пониска од 18.000 денари.

Порталот „Пари“ направи анализа, дали со просечна плата од 500 евра ги стигнавме, или можеби престигнавме земјите од поранешна Југославија, со оглед на фактот што изминативе децении бевме на дното од рангирањата.

Пребарувањето по официјалните податоци на државните статистики не доведе до сознанието дека платите во Македонија и понатаму се на дното на табелета.

Просечни нето – плати во земјите од поранешна Југославија

(во евра)

Во табелата се земени податоци за фервруари, или за март, затоа што сите држави се уште ги немаат објавено мартовските податоци. За март имаат објавено Македонија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина. На страниците на државните агенции за статистика за Словенија и Србија последни податоци се за март, а на Косово има просечна плата за 2020 годинаИзвор: Државните институции за статистикз на одделни земји

СТАРО ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА РАНГ ЛИСТАТА

Како што може да се види од официјалните статистички податоци, Македонија има поголема плата само од Косово, но за оваа земја податоците се „бајати“.Во однос на сите други земји, просечната плата во државава е се уште пониска. Хрватска и Словенија, како членки на ЕУ се многу далеку од нас. Хрватска има точно два пати поголема просечна-нето плата од нашата, а Словенија дури и повеќе.

Македонија остана со пониска плата и од Босна и Херцегоцвина, и покрај тоа што во оваа земја имаше сурова 4-годишна војна.

Така, според податоците, значителниот пораст на просечната плата не го промени досегашното наше рангирање во однос на другите земји.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг