Во подножјето на вулканот: Вака би требало да изгледа првиот Биткоин град во светот...

Точка

23/05/2022

18:18

58.283

Големина на фонт

а а а

Биткоин градот ќе има кружен облик баш како таа криптовалута, а сè во градот ќе биде посветено и инспирирано од оваа криптовалута – од станбените згради, до канцелариите, музеите, кафулињата и рестораните.

На јужното крајбрежје на Ел Салвадор во заливот Фонсека под вулканот Кончагуа, ќе се гради метропола со име Биткоин Сити.

Името го добил поради тоа што станува збор за град чие градење ќе биде финансирано од оваа криптовалута.


Имено, Ел Салвадор привлече многу внимание кога службено стана прва држава во светот која го воведе биткоинот како законско средство за плаќање, покрај американскиот долар.

Биткоин градот ќе има кружен облик, а сè во него ќе биде посветено на таа криптовалута.

Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, најавил и градење на аеродром, бродски пристаништа, железници...


За дизајнот на концентричниот гад кој ќе се шири од средиштето на плоштадот означен со логото на биткоинот ќе биде задолжено мексиканското архитектонското студио „Fernando Romero Enterprise“.

Градот би требало да има геотермална енергија од вулканот Кончагуа која ќе се користи и за рударење на биткоини.

Претседателот на Ел Салвадор открил и дека на врвот од вулканот ќе биде изграден видиковец од кој ќе има прекрасен поглед кон градот и околината.


Градот би требало да почне да се гради годинава, а колку биткоини ќе бидат потрошени во оваа „зделка“, треба да почекаме, па да дознаеме.





Спонзорирани линкови

Маркетинг