Двојникот на Гвардиола предизвика лудило: Се лизгаше на гради во соблекувалната

Дерби

23/05/2022

16:31

4.922

Големина на фонт

а а а

Брендон Ештон нема никакво значење за неутралните фудбалски фанови, но е надалеку познат меѓу навивачите на Манчестер Сити поради својот стил и начинот на кој изгледа.

Станува збор за економот на Манчестер Сити кој е омилен меѓу фудбалерите од првиот тим, но кој поради својот изглед, доста наликува на Пеп Гвардиола и во соблекувалната го нарекуваат двојник на Шпанецот.

Брендон и во минатото знаел да предизвика урнебесни ситуации за време на шампионските прослави, но вчера се надминал себеси и приредил лудило во соблекувалната на Манчестер Сити.

Тимот од „Итихад“ ја освои четвртата титула во Премиер лигата под водство на Пеп Гвардиола, а задолжен за екстаза во соблекувалната бил неговиот двојник.

Ештон се фрлал на гради во соблекувалната на Сити, па едно видео од тие моменти стана вирално на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг