Танцувала со Путин: Се преселила во Франција, а сега под притисоците дала отказ во „Роснефт“

Точка

23/05/2022

21:20

5.536

Големина на фонт

а а а

Кнеисл вниманието на јавноста го привлекла пред четири години кога гостин на нејзината свадба бил рускиот претседател Владимир Путин.

Поранешната австриска министерка за надворешни работи Карин Кнеисл дала оставка на местото во управниот одбор во рускиот нафтен џин „Роснефт“.

Нејзината оставка доаѓа откако „Роснефт“ во петокот објавил дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер ја напушта управата по пет години, ден откако Германија му ги одземала службените привилегии поради поврзаноста со Русија, јавува „The Moscow Times“.


„Роснефт“ во соопштението и се заблагодарил на Кнеисл за нејзината работа во текот на сложената меѓународна ситуација, велејќи дека смета на идна соработка со неа како експерт.

Кнеисл вниманието на јавноста го привлекла пред четири години кога гостин на нејзината свадба бил рускиот претседател Владимир Путин.

Тогаш Кнеисл облечена во народна носија танцувала со Путин, пренесува „Novice“.


„Не заминав доброволно, морав да побегнам“

Но, во април поранешната министерка се пожалила дека животот и го уништиле добрите односи со Путин. За германски „RTL“ истакнала дека се смета за политички бегалец бодејќи поради врските со рускиот претседател морала да ја напушти Австрија.

„Не заминав доброволно, морав да побегнам“, рекла таа во април.

Потсетуваме, се преселила во Франција бидејќи никој не сакал да ја вработи. Но, нагласила дека не жали што го поканила Путин на својата венчавка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг