НБА атракција за најавните шпици: Вигинс брутално го постеризираше Дончиќ

Дерби

23/05/2022

13:33

16.564

Големина на фонт

а а а

Ендрју Вигинс е вистински хит во финалната серија на Западот поради тоа што е задолжен за чување на Лука Дончиќ, но покрај тоа што извонредно ја врши оваа работа, кошаркарот на Голден Стејт е импресивен и во офанзивниот дел.

Вигинс беше втор најдобар поентер кај „воините“ на гостувањето кај Далас на кое Голден Стејт направи прв брејк, натпревар по кој Маверикси едноставно имаат невозможна мисија во финалето. Ниту еден тим во историјата на НБА плејофот не се вратил од негатива од 3:0 во една серија, па јасно е дека Лука Дончиќ и соиграчите ќе мора да направат чудо за да се најдат во големото НБА финале.

Со исклучок на втората четвртина, Голден Стејт во најголем дел од мечот го контролираше резултатот и го диктираше темпото, но сепак победникот се реши во последната четвртина и во тој период видовме една атракција за најавните шпици.

Вигинс брутално го постеризираше Лука Дончиќ со монструозно забивање, а иако првично судиите досудија прекршок и ги шокираа играчите на Голден Стејт, на крајот оној што беше разочаран беше Словенецот.

Стив Кер побара „челинџ“ и го доби истиот, па така одлуката беше променета и резултатот на шест минути пред крајот гласеше 93:83. Голден Стејт умешно ја сочува предноста и победи со 109:100, натпревар на кој Вигинс уфрли 27 поени, Стеф Кари 31, а Лука Дончиќ 40 поени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг