(Фото) Погребан Матеј Периш, испратен со бело цвеќе и песна од Оливер Драгојевиќ

Точка

23/05/2022

13:18

16.472

Големина на фонт

а а а

Голем број на луѓе пристигнале пред капелата во Сплит да го испратат, а неутешното семејство примало сочувство.

Голем број на Сплиќани се собрале денеска пред капелата на тамошните гробишта за последен пат да се поздрават со Матеј Периш, 27-годишно момче од Сплит, кој ноќта пред дочекот на Нова година без трага исчезнал во Белград, во ледената Сава.

Младиот Матеј бил погребан денеска нешто пред 12 часот. Покрај неговиот вечен дом има венци и цвеќиња во бела боја, пишува „Republika“.

Матеј бил испратен со песната на Оливер Драгојевиќ „Moj lipi anđele“, ќе почива во ѕидна гробница, во близина на својот најдобар пријател, а на еден од венците пишувало „Те сака твојата наставничка“…

Posted by Nestali Matej Peris on Friday, 20 May 2022

Семејството на трагично настраданиот Периш прво пристигнало во капелата каде примало сочувство од голем број на луѓе кои дошле да го испратат.

Младиот сплиќанец, чие тело било пронајдено кај Ада Хуја на 18-ти мај, ќе биде погребан денеска на гробиштата Ловринац во родниот Сплит.

Хрватските медиуми потсетуваат дека на истото место на кое Матеј ќе биде погребан, погребан е и неговиот најдобар пријател Ивор Алуниќ, кој трагично го загубил животот на мотоцикл.

Posted by Nestali Matej Peris on Sunday, 22 May 2022

Ненад Периш, таткото на Матеј, им се заблагодарил на сите на поддршката која ја добивал во текот на петте месеци потрага по синот и ја замолил јавноста и новинарите погребот да се одржи во кругот на најблиските пријатели и семејството.

„Почитувани новинари и сниматели, уште еднаш ви се заблагодарувам на сочувството и коректното следење на овој случај, но уште еднаш би сакал да ве замолам во овој тежок момент за мене и моето семејство да се воздржите од било какво медиумско покривање на погребот. Знам дека ќе ја сфатите мојата молба и ви се заблагодарувам поради тоа“, напишал Ненад Периш пред погребот.





Спонзорирани линкови

Маркетинг