Гвардиола за неверојатниот пресврт вреден титула: Се јавив во Реал Мадрид…

Дерби

23/05/2022

13:01

3.804

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола ја освои четвртата титула во Премиер лигата во последните пет години и ја потврди доминацијата во англискиот фудбал, но начинот на кој го направи тоа неговиот тим направи овој трофеј да биде еден од најслатките за шпанскиот стручњак.

По вториот гол на Астон Вила за водство од 0:2 во 69-та минута, Гвардиола разочарано седна на своето столче на клупата за резерви и се доби впечаток и дека тој ја загуби вербата за пресврт, но само десетина минути подоцна, од очај дојде до вистинска екстаза.

Манчестер Сити постигна три гола во периодот од 76-та до 81-та минута и направи неверојатен пресврт вреден титула, сличен на оној кој им го режираше Реал Мадрид во полуфиналето во Лигата на шампионите, со тоа што тогаш „граѓаните“ беа оние кои ја почувствуваа горчината на поразот.

– Им се јавив во Реал Мадрид и ми дадоа добри совети за превсртот. Едноставно нема објаснување за тоа што се случи во Мадрид и тоа што се случи сега против Астон Вила. Тоа беше фудбалски моментум. Навистина е убаво кога се случуваат вакви работи, ова може да ни помогне да бидеме уште посилни наредната сезона.

– Тоа што освоивме четири титули во пет години значи дека овие момци се специјални. Победата на домашен терен е најдобро нешто. Астон Вила даде се, но кога го дадовме првиот гол, сите работи се променија на теренот. Севкупно гледано, никогаш не сум имал тежок ривал како Ливерпул, ни помагаат да бидеме подобри секоја сезона, – изјави Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг