Ексцентричниот зелен комбинезон на 69-годишната француска легенда го украде шоуто на Канскиот фестивал

Точка

23/05/2022

13:11

15.794

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер на седмата вечер на Канскиот филмски фестивал се одржа премиерата на францускиот филм „Les Amandiers“.

На црвениот тепих прошетаа актерите од ова остварување, но и други познати личности - од инфлуенсерки и манекенки па сè до познати холивудски ѕвезди како Шерон Стоун.

Манекенката Сара Сампајо ги воодушеви модните критичари во драматичен црн фустан од тил со долг шлеп, но ѕвезда на вечерта дефинитивно била 69-годишната легенда на француската кинематографија, Изабел Ипер, која носела ексцентричен зелен комбинезон од ликра кој го прекривал секој дел од нејзиното тело.


Вакви парчиња досега носеше само Ким Кардашијан, но Изабел очигледно била решена вчеравечер да ги украде сите погледи на присутните.



Погледнете ги изданијата и на останатите дами:




Спонзорирани линкови

Маркетинг