Кинезите брзо му одговориле на Бајден: Не ја потценувајте нашата цврста одлучност во заштита на суверенитетот

Точка

23/05/2022

12:11

5.617

Големина на фонт

а а а

Бајден во Токио рекол дека САД воено ќе го брани Тајван во случај на инвазија на Пекинг на тој автономен остров, предупредувајќи дека Кина со своите воени маневри кокетира со опасноста.

Кина денеска го повикала Џо Бајден да „не ја потценува“ нејзината цврста одлучност во заштитата на својот суверенитет.

Така му се обратиле денеска на американскиот претседател кој ветил дека ќе користи сила во случај на кинеска инвазија на Тајван, додека Тајпеј не го крие задоволството од изјавата на Бајден.

Бајден во Токио изјавил дека САД воено ќе го брани Тајван во случај на инвазија на Пекинг на тој автономен остров, предупредувајќи дека Кина со своите маневри „кокетира со опасноста“.


„Од САД веднаш бараме да избегнува праќање на лоши сигнали до силите кои заговараат независност на Тајван“, рекол портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

Тајпеј пак ја поздравува пораката на Бајден дека Вашингтон воено ќе го брани Тајван во случај Пекинг да изврши инвазија на тој остров кој Кина го смета за дел од својата територија.

Тајванското министерство за надворешни работи му се заблагодарило на Бајден што повторно ја потврдил својата приврзаност кон Тајван, додавајќи дека владата ќе продолжи да ја засилува својата одбрана и ќе ја продлабочи соработката со земјите како САД и Јапонија со цел зачувување на безбедноста.


Бајден во Токио разговарал со премиерот Фумио Кошида, кој на заедничката прес конференција рекол дека двете земји цврсто се противат со сила да се менува ситуацијата во Источното кинеско море и Јужното кинеско море.

Бајден не пропуштил да ја спомене Русија за која смета дека треба да плати долгорочна цена поради своите варварства во Украина во смисла на санкции.

„Не станува збор само за Украина. Бидејќи ако санкциите во многу аспекти не се одржат, каков сигнал тоа би и пратило на Кина за цената за обид на заземање на Тајван со сила“, рекол Бајден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг