Бајден: Не грижете се, мајмунските сипаници не би требало да предизвикаат пандемија како ковид

Точка

23/05/2022

11:00

2.065

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Џо Баден им порачал на граѓаните дека е малку веројатно дека моменталната епидемија на мајмунски сипаници ќе предизвика пандемија од размерите на ковид-19.

„Едноставно, не мислам дека тоа треба да не загрижува како ковид. САД има доволно резерви на вакцини против мали сипаници, така што би требало да се разбие епидемијата Сепак, треба да бидеме внимателни“, рекол Бајден во Токио во текот на конференцијата која ја одржал со јапонскиот премиер Фумио Кашида.


„Уверен сум дека ќе можеме да го контролираме вирусот“

Реткиот и потенцијално смртоносен вирус на мајмунски сипаници е дел од семејството на големи сипаници и досега обично се ширел по регионите во Африка. Но, последните неколку недели случаите на зараза почнале да се појавуваат ширум Европа и САД, пишува и „Bloomberg“.

Лекарот Ашиш Ја, задолжен за координација на ковид-19 во Белата куќа, во неделата рекол дека не би бил изненаден доколку во наредните денови се појават уште неколку случаи на инфекција, но дека вирусот не е толку заразен како ковид и дека се шири на поинаков начин.

„Уверен сум дека ќе можеме да го контролираме“, рекол Ја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг