Ужасен викенд за Ферари, Ферстапен победи во Шпанија и ја истопи предноста на Леклер

Дерби

22/05/2022

17:06

55.572

Големина на фонт

а а а

Макс Ферстапен прв стигна на целта на Големата награда на Шпанија откако имаше голема среќа и по сплетот на околности на патеката се искачи највисоко на победничкиот пиедестал.

Пилотот на Ред Бул ја запиша четвртата победа оваа сезона од вкупно извозени шест трки и тоа покажува дека актуелниот шампион во Формула 1 победува на трките секогаш кога истите ги завршува.

Ферстапен имаше голема среќа на трката во Каталуња затоа што неговиот најголем конкурент оваа сезона, Шарл Леклер се откажа од трката во 27. круг кога неговиот мотор изгуби сила, па Моначанецот мораше да се повлече.

Инаку до тој момент, возачот на Ферари беше убедливо на првата позиција без да има поголем притисок од противниците кои доста заостануваа зад него.

Втората позиција му припадна на клупскиот колега на Ферстапен, Чеко Перез, додека на победничкиот пиедестал се искачи и Џорџ Расел кој извози одлична трка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг