Канскиот фестивал е во тек, а вчера на црвениот тепих на премиерата на филмот „Triangle of Sadness“ се појавила и Карла Бруни.
Една од најинтригантните дами на денешницата, поранешен модел и сопруга на Никола Саркози, некогашниот претседател на Франција, ги воодушеви сите со елегантното издание во нежно виолетова боја.
Долгиот светкав фустан на бретели ја следел линијата на нејзиното тело, а неговата едноставност била надополнета со масивен ѓердан и нараквица.
Карла изгледала како речиси и да не носи шминка – таа ги акцентирала усните со нежен кармин, додека косата ја пуштила едноставно да ѝ паѓа преку рамената.