20-годишен скопјанец возел автомобил на пешачката патека во Градскиот парк

Точка

22/05/2022

16:07

5.060

Големина на фонт

а а а

Денеска, по претходно добиени информации дека околу 12:30 часот автомобил „опел корса“ се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, полицијата презела мерки за пронаоѓање на несовесниот возач.

Како што информираат од МВР, лицето е веќе пронајдено односно утврдено е дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје.

„Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции“, се вели во соопштението.

Претходно, на социјалните мрежи се појави снимка од неговото возење низ паркот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг