Сензација во Франција: Давидовски стана првиот Македонец со победа во ТЦР Европа

Дерби

22/05/2022

14:05

54.958

Големина на фонт

а а а

Виктор Давидовски стана првиот македонски возач кој остварил победа на ТЦР Европа, откако самоуверено и без никаква грешка извозе од старт до цел на трката за Големата награда на Франција.

Негов најдобар пласман досега беше четвртото место од минатата година на истата патека, а вчера на првата трка заврши како шести. Денеска Давидовски стартуваше како прв поради правилото за ротација на првите десет во квалификациите, па по фантастичниот старт, извозе најбрз круг и безгрешни 10 круга, во кои не им даде никаква надеж на конкурентите.

Пред трката Давидовски најави дека верува во својот тим и во перформансите на Ауди, кое попладнево функционираше беспрекорно и му овозможи прв да ја мине целта. Шанса за висок пласман добија и Клим Гаврилов и Пепе Ориола, кои исто како Давидовски извадија максимум од шансата што им се даде во втората трка. Франко Џиролами на крајот заврши четврти откако ја искористи грешката на вчерашниот победник, Том Коронел.

Со тоа Џиролами кој е тимски колега на Давидовски, останува на првото место во генералниот пласман со 133 бода, втор е Коронел со 120, а следи Гаврилов со 109. По денешната победа, Давидовски направи скок и изби на седмото место во поредокот со 78 поени.

Следен гран при викенд од ТЦР Европа ќе биде оној во Белгија, што ќе се вози на патеката Спа Франкоршамп на 18 и 19 јуни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг