Приведени 12 лица, пронајдена дрога при контрола на угостителски објекти во Скопје

Макфакс

22/05/2022

11:15

2.174

Големина на фонт

а а а

12 лица биле приведени при контрола на угостителски објекти во Скопје, соопшти полицијата.

Имено синоќа (21/22.05.2022) година од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при контрола на угостителски објекти на подрачје на СВР Скопје од слобода се лишени 12 лица.

Притоа кај Н.В.(42), Г.Н.(20), С.Ј.(21), А.Ј(35), Г.Т.(33), Л.Р(34) била пронајдена прашкаста материја, додека кај Д.М(23), Ј.Ѓ(21), Л.Ј(18), Б.Б(26), Х.И.(20) и Д.М(39) била пронајдена марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг