Познатата плус сајз манекенка со потресна исповед за породувањето: „Бев во локва крв, не сакаа да ми кажат дека...“

Точка

21/05/2022

15:03

10.259

Големина на фонт

а а а

Плус сајз моделот Ешли Греам во јануари стана мајка на близнаци, а по извесно време пауза од социјалните мрежи, сега откри дека едвај го преживеала породувањето поради обилно крварење.

34-годишната мајка се породила дома на почетокот на годината и на свет донела две прекрасни момчиња, Малахи и Роман. Иако дотогаш на своите профили водеше „дневник за бременост“, по доаѓањето на момчињата ги извести своите обожаватели дека ќе им посвети малку време на нив и на своето закрепнување.


Таа сега откри некои детали од породувањето за „Page Six“, меѓу другото, дека тоа се случило во нејзината бања, поточно во када, по што ѝ се слошило.

Во тие моменти, Ешли била опкружена со „тим од вешти и обучени професионалци“ и нејзиниот сопруг Џастин Ервин, а се сеќава само како во еден момент ѝ се 'стемнило' и гледала 'ѕвезди'.

Кога се освестила, манекенката тврди дека насекаде имало крв, а подоцна дознала дека изгубила „литри“.

„Не сакаа да ми кажат дека една од акушерките морала да ме преврти и да се обиде да го запре крварењето, а сум имала проблем со вената на раката и не можеле да ми вметнат игла“, раскажала Греам.

Иако момчињата биле добро, Ешли наредните четири дена лежела во кревет, а следните седум дена не можела да оди.


Дома поминала два месеци, а тешкото породување го навести и во својата објава на Твитер, пишувајќи:

„Ми треба време да закрепнам и да се поврзам со мојот сопруг и децата. Ова не беше лесно, но вредеше“, напиша тогаш.

Покрај близнаците, Греам со својот сопруг го има и двегодишниот син Исак, а помеѓу нивното раѓање, во 2021 година манекенката имала спонтан абортус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг