Ова моментално е најпопуларниот филм на „Netflix“, а – полн е со грешки

Точка

21/05/2022

12:46

8.436

Големина на фонт

а а а

Моментално на првото место на трендинг е филмот „Senior Year“ во кој главната улога ја има актерката Ребел Вилсон.

Филмот на таа стриминг платформа е објавен минатата седмица, а гледачите веќе воочиле некои грешки.

Еден корисник на Твитер објавил дека во сцените за танцовата рутина на навивачките, чие дејство е сместено во мај 2002 година, ставени се песни кои дотогаш не биле објавени.

„Го гледам Senior Year на Netflix и веќе воочив грешка. Ја искористиле песната на Кели Кларксон Moment Like This во својата сцена. Во мај 2002 година песната не беше објавена, туку во септември 2002 година“, напишал гледачот.

Се докажало дека песната на Кели Кларксон не е единствена користена во филмот која всушност не била објавена во времето на дејството на филмот.

Хитот од пејачката Аврил Лавињ, „Sk8er Boi“, исто така бил користен во флешбек сцените сместени во мај 2002 година, а истиот не бил објавен до септември 2002 година.

Инаку, во филмот станува збор за Руби, 17-годишна девојка која е капетан на навивачката екипа и која е заедно со популарно момче од училиштето и е на пат да стане кралица на матурската вечер. Но, во текот на танцовата рутина на навивачките, Руби ќе падне од врвот на пирамидата и ќе падне во кома.


Потоа дејството се преместува 20 години подоцна, кога 37-годишната Руби се буди од кома. Се враќа во средното училиште и се обидува да ја преземе улогата на ѕвезда во училиштето. Најмногу сака да ја освои круната за кралица на матурската вечер. Филмот со денови е на трендинг на Netflix, а гледачите сепак не реагирале најдобро на истиот.

Филмот на IMDb има оцена 5.6, а добил и многу критики.




Спонзорирани линкови

Маркетинг