Младешкиот изглед е еден од оние трендови кои никогаш нема да излезе од мода во Холивуд.
Некои од жените се определиле за хируршки зафати поради израмнување на брчките, пополнување на образите или пак зголемување на усните. Денес сето тоа е можно да го направите со помош на филери, хијалуронски инјекции или пак ботокс.
Со оглед на тоа што естетските корекции станале поедноставни, со тоа услугите започнале да ги користат поголем дел од дамите од јавниот живот. Дури и кога не признаваат дека имале помош „однадвор“, сепак видливи се разликите во нивните изгледи, пред и потоа.
Најчестите знаци на естетските корекции се „замрзнато“ чело без брчки кое не мрда при смеење, полни образи и полни усни, што дополнително придонесува во физичката трансформација.
Погледнете ја нашата галерија од 10 славни дами од шоу-бизнисот: