Евтин, едноставен ручек од само 3 состојки: Се подготвува во еден сад, за кратко време – ќе уживате сите

Кармин

20/05/2022

16:18

34.659

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате да јадете квалитетно, а не сте љубители на долго готвење и стоење пред шпоретот, тогаш овој рецепт е создаден за вас.

За подготовка на овој вкусен оброк од пилешко месо ќе ви биде потребен еден сад, месо и малку време.

Тоа што е важно е тоа што сè се подготвува во рерна, а вие за тоа време може да правите други работи.

За подготовка на ова јадење потребни ви се само три состојки:

- 500 грама пилешко филе;
- 2 ќесички супа од печурки;
- 1 литар павлака за готвење.

Подготовка:

Пилешкото месо треба да биде исечено на тенки парчиња. Секое парче посолете го и намачкајте го со масло за јадење, па оставете го да се маринира околу еден час.


Доколку имате време, може да го оставите да отстои уште повеќе за да биде помеко.

Потоа месото распоредете го во огноотпорен сад во кој сте ставиле малку масло за јадење. Над пилешкото месо додадете ја супата од ќесичките, па павлаката за готвење.

Рерната вклучете ја пред да почнете да го подготвувате ручекот. Нека се загрее на 200 степени Целзиусови. Ставете го садот во рерната, па печете околу половина час.

Ручекот ќе биде готов кога ќе добие румена боја. Послужете го месото со салата или пак помфрит.

Пријатно јадење!




Спонзорирани линкови

Маркетинг