Бизнисменот и директор на „ФОН Универзитет“, Сефер Цаноски на социјалните мрежи сподели радосна вест дека станал татко по петти пат.
Неговата сопруга Сезан денеска на свет го донесе нивното трето дете.
„Добредојде Адила Дефне Цаноска. Да бидеш здрава, жива и бериќетна со најубав к'смет на цел свет“, напиша Сефер во описот на фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи.
Добредојде Адила Дефне Цаноска ❤️
Да бидеш здрава, жива и бериќетна со најубав к’смет на цел свет ❤️❤️❤️
Posted by Sefer Canoski on Friday, May 20, 2022
Од бракот со Сезен, Цановски има три деца, а од неговиот претходен брак со Лејла, ќерката на Велија Рамковски, Сефер има две деца.
Инаку, Сефер и Сезен, која е германка со турско потекло, правеа венчавка во Истанбул.