Крис Хемсворт на чело на футуристички затвор – пристигнува новиот хит на „Netflix“

Точка

20/05/2022

12:45

6.464

Големина на фонт

а а а

„Netflix“ објави трејлер за својот претстоен филм, психолошкиот трилер „Spiderhead“ во кој главната улога ја толкува Крис Хемсворт.

Филмот на овој стриминг сервис ќе биде достапен од 17-ти јуни.

Австралискиот актер го толкува Стив Абнести, брилијантен визионер на чело на најсовремената казнено-поправна установа наречена „Spiderhead“, во која затворениците носат хируршки прицврстен уред кој им дава специјален лек. Станува збор за наркотик кој го менува нивниот ум и ги прави безопасни за околината, поради што во овој затвор не постојат ни ќелии, ни решетки, ниту чувари.

Затворениците своеволно бираат да бидат подложени на овој експериментален третман, но со текот на времето кај некои од нив се јавува сомнеж во изборот кој го направиле, што ги доведува во конфликт со Абнести и неговите послушници.


„Spiderhead“ е во режија на Џозеф Косински (Top Gun: Maverick), по сценариото на Рет Рис и Пол Верник (Deadpool).

Во филмот освен Хемсворт, се појавуваат и Мајлс Телер, Џурни Смолет, Тес Хобрих и Биби Бетенкорт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг