На Путин 'му нема спас' од ова презиме! Ќерката на рускиот претседател има дете со Зеленски

Точка

20/05/2022

12:31

16.595

Големина на фонт

а а а

Странските медиуми пишуваат дека Катерина Владимировна Тихонова, ќерката на Владимир Путин, е во врска со балетан кој го дели истото презиме со украинскиот претседател.

35-годишната Катерина наводно е во врска со Игор Зеленски, балетан и режисер кој до неодамна го водел Баварскиот државен балет.

Информацијата ја потврдиле извори на руската независна новинска куќа „i Stories“ и германски „Spiegel“.

Претходно, Катерина, која Путин ја добил во брак со поранешната прва дама на Кремљ, Људмила Александровна Очертнаја, била венчава со најмладиот руски милијардер Кирил Шамалов. Од него се развела во 2017 година, кога ја започнала врската со балетанот, кој исто така претходно бил во брак од кој има две ќерки и син со кореографката Јана Серебрјакова.


Заедно имаат и ќерка?

Извори тврдат дека Катерина редовно патувала во Минхен за да биде со балетанот, а до оваа година наводно таму и живеела со него.

Тврдењата на „i Stories“ се поткрепени со документи кои ги докажуваат летовите на кои биле Тихонова, Зеленски, детето, дадилката и телохранителите. Од 2017 до 2019 година такви летови имало наводно повеќе од 50.


Документите се наоѓале во мејловите на службата за безбедност на Путин, но и на личниот телохранител на Катерина, пишува „i Stories“. Детето кое се споменува во документите е наводно детето кое Катерина го добила во врска со балетанот. Во името на девојчето стои и 'Игоровна'.

Игор Зеленски, кој е роден како Русин со грузиски корени и за кој се верува дека не е во роднинска врска со украинскиот претседател Володимир Зеленски, го напуштил Баварскиот државен балет минатиот месец, откако одбил да ја осуди крвавата војна на Путин во Украина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг