Евертон се избори за херојски пресврт против Кристал Палас и победата од 3:2 предизвика вистинска екстаза на „Гудисон Парк“, од едноствана причина што тимот на Френк Лампард обезбеди опстанок во Премиер лигата.
По една исклучително тешка сезона во домашното првенство, товарот конечно падна од градите на фудбалерите, па воопшто не чудеше фактот што голем дел од нив третиот гол го славеа како најголемо достигнување во кариерата.
Атмосферата во Ливерпул беше доволно добар стимул за играчите да направат пресврт, а иако Калверт Луин го постигна последниот гол за 3:2, во центарот на вниманието се најде Ришарлисон.
Бразилскиот репрезентативец ја изведе најурнебесната прослава на победничкиот гол, бидејќи не тргна да слави со сите свои соиграчи.
Наместо тоа, Ришарлисон се фрли со глава на тревникот и беше снимен од камерата во близина на голот, па видеото брзо стана вистински хит на интернет.
The pitch-side view at Goodison for Calvert-Lewin’s winner last night.
— COPA90 (@Copa90) May 20, 2022
Just wait for Richarlison. ?pic.twitter.com/fGiTWM0lxt