(Видео) Ксенија Николова: „Со сопругот заедно минуваме низ борбата со неплодноста“

Точка

20/05/2022

09:45

7.369

Големина на фонт

а а а

Писателката Ксенија Николова е една од ретките млади автори во Македонија чии книгите се објавени во странство, и тоа на три јазици, англиски, руски и бугарски. Нејзиниот последен роман, „Незадоволна“ пред две недели беше издаден во Англија, а издавачката куќа „Кинглсли“, со која соработува последните години, ја опиша Ксенија како феноменална писателка.

Ксенија во јавноста важи за девојка која искрено говори за сè. Не крие дека се бори со анксиозноста. Првиот паничен напад го имала на 19 години, кога живеела во Америка, но оттогаш научила како да го контролира.

„Тогаш не знаев што ми се случува, но со мојот психотерапевт Розалија најдовме техники како да се ослободам од нападите и да се вратам во реалноста, да сфатам дека ништо од тоа што ме плаши не е вистина. Но најмногу ме смирува кога ќе дојдам дома, тоа е мојата оаза“, вели Ксенија во интервјуто за „Репортер“.

Со нејзиниот сопруг, кој е ракометен судија, веќе некое време безуспешно пробуваат да станат родители. Ксенија неколкупати била на различни ин витро третмани, и иако засега не даваат резултат, не се обесхрабрува.

„Не можам да молчам на толку важна тема кога знам колку луѓе се соочуваат со ова. Неплодноста е многу честа појава, а јас бев изненадена колку луѓе ме исконтактираа и ми кажаа дека го имаат истиот проблем. Чувството дека не си сам во ова прави да ти биде полесно. Тоа е долг, емотивен пат, а неуспехот е нешто што мора да го прифатиш и да продолжиш понатаму. Се креваме со сопругот еден со друг. Некогаш јас не можам повеќе, па тој ми дава надеж, некогаш кога нему му е тешко по неуспешен третман, јас го водам напред. Тој ме поддржува во тоа дека зборувам јавно за неплодноста, бидејќи поминува низ истото што и јас, а и нему му помага кога ќе има со кого да поразговара“, раскажува Ксенија со многу емоции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг