(Видео) Лампард со урнебесна реакција на инцидентот во кој Виера удри навивач на Евертон

Дерби

20/05/2022

09:05

4.545

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Евертон го прославија опстанокот во Премиер лигата како да освоиле титула, бидејќи ужасната сезона ги доведе до ситуација да треперат за прволигашкиот статус до претпоследното коло.

За да биде екстазата на највисоко ниво, „карамелите“ направија пресврт на натпревар кој на полувреме го губеа со 0:2, па благодарение на пресвртот од 3:2 стигнаа до триумф и математички обезбедија опстанок во елитата.

Победата од 3:2 над Кристал Палас предизвика голема еуфорија и донесе инвазија од илјадници фанови на теренот, но еден од нив влезе и во физички дуел со Патрик Виера.

Легендарниот Французин не остана рамнодушен и одговорит на провокацијата додека минуваше на теренот, па го удри и го спружи на земја навивачот на Евертон. Останатите поразумни фанови спречија уште поголем инцидент, а истиот го коментираше и Френк Лампард на прес-конференцијата.

Поранешниот играч за врска со насмевка на лицето и со урнебесна реакција го проследи потегот на Виера, заклучувајќи дека нема никаков проблем со тоа што се случило.

– Жалам за Патрик и не успеав да стигнам до него да се поздравиме поради реакцијата на навивачите. Тој мина повеќе од 80 метри на средина на теренот во близина на нашите навивачи и јас немам никаков проблем со тоа. Тоа беше само чиста емоција од навивачите за опстанокот во лигата. Едноставно не можеме да ги врземе навивачите за седиштата, – изјави Лампард.



Спонзорирани линкови

Маркетинг