Родителите смислиле како да го смират детето и да го фотографираат за пасош, идејата е хит

Точка

19/05/2022

20:32

16.546

Големина на фонт

а а а

Тиктокерите Габи и Кристијан Карлин, споделиле интересен начин за успешно фотографирање на детето за пасош. Познато е дека децата се немири и ретко сами седнуваат пред објективот на фотоапаратот во студиото, па родителите откриле начин да го смират. Со малку креативност, успеале да го направат тоа што треба.

Кристијан прво се обидел да ја седне ќерката Одри на белото столче пред белата позадина за да се фотографира за пасош. Таа одбила да се одвои од својот татко, па тој се покрил со бел чаршав и како дух седнал со неа на столчето.

Конечниот резултат многумина насмеал до солзи.

„Истата работа ја направивме со нашето дете пред две години“, „Подоцна во животот ќе биде уверена дека ја држел дух“, „Хит сте“, коментирале луѓето.

@thecarlinfamily Big time parent hack? #fyp #funny #foryou #comedy #toddlersoftiktok #cutetoddler #LoveMeMode #4u #viral #hack ♬ Blue Blood - Heinz Kiessling & Various Artists



Спонзорирани линкови

Маркетинг