Сериозно е болна: Конечно се знае вистинската дијагноза на најтажната принцеза - една работа не е јасна!

Точка

19/05/2022

17:14

10.900

Големина на фонт

а а а

Светските медиуми пишуваат дека Шарлин од Монако има епилепсија. Првиот напад го доживеала минатото лето, кога почнале нејзините семејни проблеми.

По една година погодување зошто принцезата Шарлин половина од тоа време била отсутна од дворецот, многумина се убедени дека вистинската причина е откриена.

Според магазинот „You“, сопругата на принцот Алберт, со кој ги има седумгодишните близнаци Жак и Габриел, боледува од епилепсија. Авторот на написот не наведува точно за кој вид станува збор, но според досегашните симптоми ситуацијата е многу сериозна.

Шарлин досега имала неколку епилептични напади, од кои некои завршувале со несвестица.

Изворот за „You“ потврдил дека епилепсијата ѝ била дијагностицирана минатото лето, додека престојувала во родната Јужноафриканска република, каде била подложна на операција на синусите.


Очигледно за неа тоа било многу стресно, бидејќи неколку недели подоцна ненадејно изгубила свест, па итно била пренесена во болница во градот Дурбан, каде ѝ биле направени испитувања и ѝ поставиле дијагноза.

„После таа операција, принцезата мораше строго да мирува. Но, не се држеше до лекарските совети и доби тешка инфекција проследена со висока температура. И тоа беше причинител за епилептичен напад“, тврди лице блиско до принцезата, кое потврдило дека принцезата поради сето тоа многу се исплашила.

Наводно и тешко се помирува со фактот дека остатокот од животот мора да зема терапија, за болеста да ја држи под контрола. Откако е откриена болната тајна на принцезата, медиумите се прашуваат зошто дворецот молчел за тоа и оставил да се шпекулира дека принцезата имала нервен слом, бидејќи не може да се носи со љубовните афери на Алберт.

Некои претпоставуваат дека принцезата е таа која не сака јавно да се зборува за нејзината болест. А колку страда поради сè што ѝ се случува, се виде на почетокот на март, кога за првпат се појави во јавноста по враќањето кај семејството. И покрај тоа што се обидуваше да биде насмеана, сите забележаа дека изгледа поуморно од кога било досега.



Спонзорирани линкови

Маркетинг