На грчкиот остров се забрануваат лежалки на плажите: „Заборавете“ и на телефоните и автомобилите

Точка

19/05/2022

16:05

39.523

Големина на фонт

а а а

Општината Лајпсои кажала „не“ за лежалките на островските плажи, охрабрувајќи ги туристите да уживаат во еколошката освестеност за летните одмори годинава, за да доживеат автентични искуства.

„Ние спроведуваме стратегија која се смета за иновативна во Грција и Европа. Активно поддржуваме замена на пластика и отстранување на лежалките, избегнуваме да користиме лежалки, избегнуваме да користиме автомобили на кратки островски релации“, изјавил Фотис Магос, градоначалник на општината Лајпсои во соопштението.


Општината ги повикува патниците летово да го истражат Лајпсои без автомобили, како и тоа одредено време да се воздржат од технологијата и да уживаат во одморот со книга.

Според зборовите на градоначалникот, островските туристички работници исто така го поддржуваат овој план за промовирање на автентично искуство на одморот и еколошки начин на размислување меѓу туристите кои го бираат Лајпсои за свој одмор.

Грчкиот остров Лајпсои се наоѓа во јужното Егејско море и е дел од грчкиот архипелаг Додеканез.





Спонзорирани линкови

Маркетинг