„Од небо“ им паднал ковчег над куќата и им ги уништил соларните панели: Во него имало роба вредна 9 милиони евра, а кога виделе што е...

Точка

19/05/2022

12:09

17.915

Големина на фонт

а а а

Ковчег полн со кокаин случајно паднал од авион на соларен панел на една куќа на островот Сардинија во Италија.

Четири месеци по инцидентот, полицијата успеала да го идентификува пилотот којшто го извел овој неуспешен маневар и да го уапси.

„На Сардинија паѓа дожд од кокаин“, пишуваа тогаш италијанските медиуми за настанот којшто се случи кон крајот на месец март минатата година, пренесува „The Guardian“.


Ковчегот бил наполнет со 8,5 килограми кокаин и требало да слета во рацете на дилерот во гратчето Баратили Сан Пиетро, но случајно се нашол во дворот на една куќа и ги скршил соларните панели.

„Слушнавме јак удар, па веднаш повикавме полиција која го пронајде ковчегот полн со кокаин“, изјавиле сопствениците на куќата за инцидентот, а додека кокаинот пристигнел во „вистинските раце“, неговата вредност на пазарот би изнесувала околу девет милиони евра.

Полицијата открила дека авионот полетал од Рим, а за 20 минути исчезнал од радарот, точно во времето кога правел кругови над гратчето за да ја префрли робата.


Со помош на надзорните камери и сведоците, откриено било дека пилотот бил 28-годишниот Франчесто Рико од Рим кој инаку во авионите ги возел богатите луѓе, а уапсен бил во крајбрежјето Каљари Елмас по враќањето од Германија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг