Ќерката на Силвестер Сталоне се појавила на филмскиот сет, па го привлекла сето внимание: Дали е можно да изгледа толку природно и убаво?

Точка

19/05/2022

21:50

25.109

Големина на фонт

а а а

Било доволно само да го посети славниот татко на сетот од филмот којшто моментално се снима за денес сите да пишуваат за неа.

Силвестер Сталоне од бракот со сопругата Џенифер има три ќерки кои пораснале во навистина убави девојки, а очигледно дека Софија (25) моментално е најинтересна за јавноста.


Таа дефинитивно убавината ја наследила од својата мајка која била поранешна манекенка. Студирала комуникации на Универзитетот во Јужна Каролина, а многумина велат дека таа наскоро би можела да се појави на големото платно.

Папарацо фотографите ја „уловиле на улиците на Њујорк, во текот на вчерашниот ден, а на тоа место била поради тоа што сакала да го посети својот татко.


За оваа прилика таа избрала да носи тесни, светли фармерки како и тесна маица. Косата ѝ била пуштена слободно да паѓа, а не претерувала ниту со шминката.

Таа дефинитивно е заговорник на природниот изглед за разлика од Силвестер и Џенифер кои се редовни „гости“ во клиниките за естетска хирургија.

„Природна убавица, на неа младите девојки треба да се угледаат“, „Девојки, гледајте и учете. Природен изглед – секогаш подобар од естетските корекции кои денес се популарни“, „Прекрасна е“, биле само дел од коментарите на социјалните мрежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг