Исплива вистината за гласањето: Констракта била на прво место, а гласовите на жирито драстично се разликувале

Точка

18/05/2022

11:01

33.518

Големина на фонт

а а а

Минатиот викенд се одржа 66-то финале на Евровизија, на кое му претходеа две полуфиналиња, од кои Констракта и нашата Андреа настапија во второто полуфинале.

Констракта ѝ обезбеди на Србија влез во финале на Евровизија, а после финалната вечер пристигнале резултатите од гласањето во полуфиналето.

Констракта во второто полуфинале заврши на 3-то место.

Според гласањето на публиката имала најмногу поени, односно истиот број на бодови како претставничката на Шведска, 174 и тие две заедно биле на првата позиција.

Според бодовите на жирито во второто полуфинале, на прво место била Шведска (222), а после неа била Австралија (169 поени). Констракта од жирито добила 63 бодови, а жирито на полуфиналето пред неа ги ставило и Естонија, Белгија, Чешка и Азербејџан.

Покрај големата разлика во гласовите од жирито и публиката во полуфиналето во случајот на Србија, 'боде во очи' и големата разлика во позиционирањето на Австралија. Жирито ја ставило на втората позиција во четвртокот, а публиката на осмо место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг