Шокантна снимка од Рим: Маж го возел скапоцениот автомобил низ славните Шпански скали, бил веднаш уапсен

Точка

17/05/2022

23:15

33.869

Големина на фонт

а а а

Италијанската полиција уапсила 37-годишен маж кој со автомобил се спуштил по Шпанските скали во Рим.

Тој тоа го направил во раните утрински часови, кога има најмалку луѓе на улиците. Меѓутоа, заборавил на надзорните камери кои ја снимиле неговата акробација во црниот автомобил, а успешно била снимена и регистрацијата.

Полицијата го лоцирала автомобилот на аеродромот Малпенса во Милано, каде престапникот го враќал автомобилот.

Веднаш бил лишен од слобода и го очекува комплексна судска постапка.

"Sky News" известува дека возачот на неколку места ги оштетил скалите, па сега е потребна реставрација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг