Овој оброк се подготвува за 20, а се јаде за 10 минути.
- 3 лажици путер
- малку брашно
- 2 филети од риба
- 4-5 лажици сок од лимон
- сол и бибер по вкус
- тортиљи
- 1 чаша зелена салата од ајсберг
- 1 домат исечкан на коцки
- 1 шолја рендано сирење
- четвртина од пакување сенф
- 2 лажици мед
Во голема тава или тенџере растопете го путерот. Рибата посипете ја со брашно од двете страни. Ставете ја во тавче, додадете сол и бибер по вкус и пржете од една страна 3-4 минути.
Одозгора посипете една лажица лимон, свртете и пржете уште 2-3 минути. Тортиљите ставете ги кратко на топла тава да се загреат, па префрлете ги во чинија.
На топла тортиља ставете ја салатата, доматот, сирењето и сечканата риба и оставете ги настрана додека не го направите сосот.
Во мал сад измешајте сенф, мед, сок од лимон, сол и бибер. По потреба додадете уште зачини.
Истурете го сосот врз такосите и веднаш послужете.
На здравје!