Скандал на Евровизија: Погледнете ја реакцијата на романската водителка кога ѝ забраниле да ги прочита гласовите

Точка

17/05/2022

17:47

23.134

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се шири видеоснимка од реакцијата на романската водителка во моментот кога ѝ јавиле дека поради сомнежи за неправилност во гласањето, нема да се вклучи во живо во финалето на Евровизија за да ги прочита гласовите од романското жири.

Во саботата се одржа 66-то по ред финале на Евровизија, а оттогаш не престануваат да „испливуваат“ нови детали и сомнежи во регуларноста на гласањето. За потсетување, партнерот на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) која ги набљудува гласањата во текот на Евровизија соопшти дека во резултатите кај 6 земји се идентификувани „одредени нерегуларни шеми на гласање“.


Станува збор за Азербејџан, Грузија, Црна Гора, Полска, Романија и Сан Марино.

Вчера по овој повод се огласи и романскиот евровизиски тим кој побара објаснување. Јулијана Марчук, шефица на романската делегација, истакнала дека не разбира зошто ЕБУ ги поништил гласовите на нивното жири, односно зошто 12-те поени кои нивната земја ѝ ги доделила на Молдавија, ѝ припаднале на Украина. Исто така истакнале дека на водителката на нивната телевизија не ѝ било дозволено да се вклучи во програма, туку извршиот супервизор на ЕБУ, Мартин Остердал, ги прочитал резултатите од гласањето.

Сега на социјалните мрежи се појави и видео на кое се гледа реакцијата на романската водителка во моментот кога ѝ јавуваат дека нема да може да ги прочита гласовите во живо во финалето на Евровизија.

„Што?“, се слуша како водителката прашува во неверување. „Не можам да верувам. Едноставно не можам да поверувам“, додала таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг