Се огласил Путин: „Тоа е економско самоубиство за ЕУ“

Точка

17/05/2022

17:55

4.341

Големина на фонт

а а а

Кремљ денеска го обвинил Западот дека води дипломатска, економска и политичка војна против Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјавил дека најновите случувања во Украина се поврзани со лошо осмислената политика на Западот.

„Се што сега се случува, вклучувајќи го и тоа во Украина, е поврзано со лошо осмислената политика на таканаречениот колективен Запад“, порачал рускиот лидер на собирот за ситуацијата во нафтениот сектор, пренесува "TAS S".


Путин рекол дека овие земји со децении ја игнорирале апсолутно легитимната загриженост на Русија за нејзината безбедност и на секој можен начин поттикнуваа националистички, неофашистички елементи во раководството на Киев.

Исто така, навел дека западните земји со презир се однесувале кон проблемите на југоистокот на Украина и суштински придонеле за продолжување на непријателствата кои киевските режим ги започнал пред осум години.


Европската унија, со одбивањето на руските енергенти, прави економско самоубиство за ЕУ, додал Путин на истиот состанок.

„Денеска гледаме дека од апсолутно политички причини, поради сопствени амбиции и под притисок на американскиот господар, европските земји воведуваат нови санкции на пазарите за нафта и гас. Сето тоа води кон раст на инфлацијата и наместо да ги признаат своите грешки, бараат вина надвор“, рекол Путин.

Потсетуваме, Кремљ денеска го обвинил Западот дека води дипломатска, економска и политичка војна против Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг